Репрезентацијата на Македонија до 21-год. попладнево околу 16 часот заминува за Солун од каде в петок во 10ч. наутро со авион ќе отпатува за Атина.Натпреварот со Грција ќе се одигра на 28. Март со поч. во 16ч. Стадион Астерас Триполис (Триполи Аркадија).
Селекторот Мирсад Јонуз е задоволен од текот на подготовките и очекува Македонија да се претстави во добро светло:
– Групата е тешка и атрактивна. Сигурно дека противниците како Англија, Португалија и Грција ќе бидат голем предизвик за овие млади фудбалери. Особено тоа важи за стартната пресметка со нашиот јужен сосед.Веќе подолг период работевме на создавањето на оваа селекција. Избрани се најдобрите, најталентираните и најподготвените во конкуренција на 40 фудбалери.
Јонуз за мечот со Грција не може да смета на повредените првотимци Лазевски и Димитровски но и на Марко Павлов кој поради технички проблеми (сеуште нема дозвола од ФИФА) нема да може да ни помогне на ова тешко гостување.
– Овие денови ја анализиравме играта на противникот кој поседува солиден квалитет и е редовен учесник на последните големи натпреварување. Сепак покрај добрите страни забележливи се и слабости во нивната игра кои можеме да ги искористиме и да направиме поволен резултат како мотивација за наредните дуели.Често разговаравме со фудбалерите за овој натпревар. Мислам дека одлично се подготвени на тактички и психолошки план.З аминуваме за Грција добро расположени и во мислите ни е само тоа дека требе да играме фудбал и ништо повеке.Најсрекен ке бидам, на крајот да ги видам фудбалерите радосни и задоволни од постигнатото.
Судиската четворка за овој натпревар е од Чешка на чело со Радек Прихода.
Ракометарите на Охрид во рамки на 20-то коло од Супер лигата во сабота ја пречекуваат екипата на Куманово Верувам дека ќе одиграме еден добар натпревар против екипата на Куманово која од меч во меч...
Во петок со почеток во 12:00, во ООУ „Братство Единство“ Охрид, почнува Пионерската лига Охрид 2025 во шах во организација на ШК „Ласкер“ Охрид во соработка со Сојузот на училишни спортови Охрид На...
Македонската традиционална таеквон-до федерација (МТТФ) ја започна натпреварувачката година со учество на Меѓународниот натпревар “Тирана Опен 2025” во соседна Албанија Натпреварувачи п...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.