Очекувавме сите трансфер на Пандев и крај на сагата на најдобриот македонски фудбалер. Но наместо трансфер , Пандев остана во Лацио каде ќе мора да ја одработи последната година од договорот. Селекторот Јонуз деновиве будно ја следи ситуацијата со нашиот најдобар поединец и смета дека Горан ќе успеаа да го надмине психолошкиот товар.


– Тој се наоѓа во подобра форма а тоа го покажа и против силната Шпанија. Според она што го гледам на тренизните одлично е подготвен, Доста разговарвме во последните два дена и сметам дека се наоѓа во одлична писихичка сосојтба , тој останува во Лацио на располагање на тренерот Балардини. Пандев е професиналец и ќе продолжи да работи, ние закажавме натпревар на 11 Окотомври со Катар, тој доволно е само да тренира и за него вратата на репрезентацијате ќе биде секогаш отворена – рече селекторот Јонуз.

 

Фото : Емилио
М.П.