Селекторот Јонуз очекува натпреварот да биде одлична проверка на формата на репрезентативците пред продолжението на квалификациите за ЕП 2012г.
– Ова ќе биде прв натпревар на А репрезентацијата во 2011 година со противник (Камерун), кој што со својот играчки квалитет ќе биде навистина сериозна проверка на нашите можности пред продолжувањето на квалификациите во март. Можам да констатирам дека повиканите играчи во овој период се наоѓаат во различни фази од формата. Играчите кои играат во Италија, Германија и Кипар се во натпреварувачка форма додека останатите се на подготовки и одигруваат пријателски натпревари со своите клубови.
Јонуз напомена дека ги одбрал најдобрите играчи во моментов, на кои планира да бидат на располагање и во март за дуелот од квалификациите. – О
вој натпревар нормално ќе биде интересен и по дуелите што ќе ги имаат играчите на двете репрезентации, особено на двата капитена Пандев и Ето, како и начинот на игра на Камерун кој е многу сличен со нашиот стил.
Селекторот Јонуз очекува добро време за мечот со Камеруа, а очекува трибините да бидат исполнети до последното место и да има околу 20.000 навивачи. –
Ние треба да одиграме дисциплиниран, одговорен, едноставен натпревар и да очекуваме добар резултат. Во случај на повреда или откажување на некој репрезентативец, дополнително ќе биде повикан друг – изјави селекторот Мирсад Јонуз во пресрет на средбата со Камерун.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com