На осмиот собир на селекторите на 53 – те европски репрезентации во Мадрид за случувањата, промените и методите на работа, предавања одржаа стратезите кои со своите репрезентации ги освоија последните две СП. Марчело Липи триумфираше со Италија на СП во Германија 2006, а Висенте Дел Боске ја одведе „црвена фурија“ до првиот трофеј во Јужна Африка годинава.
Селекторот истакна оти успеале да остварат средба со германскиот селектор Јоаким Лев кого го поканил да биде гостин во Скопје. Јонуз напомена дека понудата ја прифатил, и се надева дека ќе се избори и за гостување на германската селекција.