Селекторот на младата репрезентација Мирсад Јонуз не го криеше разочарувањето од слабата престава на своите избрзници.
-Не сум задоволен од залагањето на голем дел од играчите, за кого ова ќе биде последен настап во македонската репрезентација. Резултатски лошо поминавме, но повеќе ме загрижува односот него резултатот. Ние сме на прагот на создавање на една нова селекција, имавме можност да пробаме 18 фудбалери денеска и по оваа конторла многу работи ке бидат појасни.
Нормално на спротивната страна селекторот на албанската репрезентација Бушати Артан беше задоволен од изданието на своите избраници.
– Задоволен сум од постигнатиот резултат, но и тоа како сум задволен од прикажаната игра. Одигравме точно без грешки зашто говори и самиот резултат. Ваквите пријателски натпревари се можност да видиме кој до каде е во формирањето на екипата за наредните квалификации.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com