– Искуството кажува дека Англија и Португалија се фаворите. Пред пет години, мојот дебитантски натпревар на селекторското место беше токму против селекцијата на Англија, во Скопје, каде што игравме нерешено, 1:1. Португалија е секогаш тежок противник, но не и непобедлив. За Грција нема што да се дискутира, тоа ќе биде предизвик и за мене и за играчите, а и за целокупната фудбалска јавност. Очекуваме со Литванија и во двата натпревари позитивен резултат – вели селекторот на репрезентацијата под 21 Мирсад Јонуз.
>> Македонија – Грција во квалификациите за ЕП 2011
Македонија квалификациите ќе ги отвори како гостин во Атина против Грција на 28 март.
– Огромен предизвик е првиот натпревар со Грција со кој практично ке започнат натпреварите во нашата група, и се надевам дека истиот ке биде историски. Ке мораме да бидеме многу мирни и подготвени пред се на психолошки план, да мислиме само на фудбал – изјави Мирсад Јонуз, за веб сајтот на ФФМ.