Селекторот  Мирсад Јонуз кој натпреварот помеѓу Македонија и Ирска го следеше во друштво со селекторите на селекциите до 15 и 17 години , Гоце Петрески и Менсур Јакупи, ја истакана потребата младите селекции да играат во 4-3-3 системот кој го практикува “А“ репрезентацијата.

Играњето во овие селекции во систем 4-3-3 дали во фаза на напад или во одбрана ни дава еден препознатлив напаѓачки стил на игра. Така, за фудбалерите ќе биде многу полесно и во наредниот период кога ќе се префрлат во повозрасните категории, каде што ќе ги чека веќе усовршен таков систем, па потоа и ќе биде полесно за селектирањето на играчите за најсилната репрезентација. Мора да ја менуваме психологијата и на некој начин да ги насочуваме овие момчиња да даваат голови – рече Јонуз во Охрид.

 
За разлика од нас, екипите од островото имаат своја физономија.

Она што го кажав за нас, кај нив со години се прави. Еден систем на игра базиран на дисциплината и скок играта која сите ја негуваат, тоа е она што не се менува ниту во клубовите ни во репрезентација – заврши Јонуз.

М.П.