Повикани се играчи кои се меѓу најстандардните во последните квалификациски дуели, повратници се Георгиевски и Грнчаров, а недостасува Тодоровски кој во моментов е во немилост на клубот.
На списокот со играчи за дуелот против Ирска се наоѓаат 20 кандидати: Един Нурединоски (Етникос Ахна, Кипар), Мартин Богатинов (Карпати, Украина), Кристијан Наумовски (Динамо Букурешт, Романија) – голмани, Бобан Грнчаров (АПОЕЛ, Кипар), Игор Митрески (Нефчи, Азербејџан), Николче Новески (Мајнц, Германија), Ванче Шиков (Етникос Ахна, Кипар), Александар Лазевски (Партизан, Србија), Горан Попов (Динамо Киев, Украина) – одбрана. Величе Шумуликоски (Сибир, Русија), Филип Деспотовски (Интер Баку, Азербејџан), Дарко Тасевски (Левски, Бугарија), Мухамед Демири (Тун, Швајцарија), Марио Ѓуровски (Металург Доњецк, Украина), Славчо Георгиевски (Нефчи, Азербејџан), Арменд Алими (Истра, Хрватска) – среден ред. Стевица Ристиќ (Амкар Перм, Русија), Иван Тричковски (АПОЕЛ, Кипар), Илчо Наумоски (Матерсбург, Австрија) и Горан Пандев (Интер, Италија) – напад.
Прозивката за репрезентативците е закажана за в понеделник во Охрид, каде што ќе се подготвува македонската репрезентација сж до заминувањето за Даблин на 24 март.