Македонскиот фудбалски селектор Мирсад Јонуз има добро искуство со селекцијата на Норвешка, зашто кога беше шеф на младата репрезентација двапати се сретна со скандинавците и двапати ремизираше. Јонуз не планира традицијата да му тргне кон полошо, напротив, планира да ја оствари првата победа против Норвешка, иако сега станува збор за сениорскиот тим.
По водство на Јонуз тимот на Македонија до 21 година дома ремизираше 1-1, а на гости одигра без голови.
– Дел од тие, тогашни млади репрезентативци сега се во составот на А тимот. Го познаваме нивниот стил на игра, а од она што го забележав кај нив на мечевите кои ги прегледавме со Германија, Јужна Африка и Холандија е евидентниот пад и непостојаност во играта – вели Јонуз
Во составот на норвешката селекција најзвучни имиња се Џон Арне Рисе од Рома, Гамст Педерсен од Блекбурн како и Џон Кару од Астон Вила.
– Нивен најопасен играч е корпулентниот напаѓач на Астон Вила, Џон Кару. За него подготвуваме посебна одбрана, ќе го ставиме во таканаречен „сендвич“, со што би го неутрализирале во целост – истакна новиот селектор.
За разлика од Јонуз, Игор Митрески кој ќе го одигра 54. меч во дресот со националниот грб, малку знае за норвежаните, но не е премногу насекиран за тоа.
– Малку ги познаваме норвежаните, деновиве дополнително ќе ја проучиме нивната игра, за нас најбитно е да ја наметнеме нашата игра, тие се гости па тие нека му ја мислат – вели дефанзивецот.
Бојан Затуроски доби повик за репрезентацијата на Македонија до 19 години, информираат од ГФК Охрид Лихнидос После одличните настапи во пролетниот дел од сезоната Бојан Затуроски заслужено доби пов...
Гоце Ојлески, Наум Костов, Даниел Ѓорѓески, Дејан Кукуловски и Темо Орјоникидзе остануваат верни на ГРК Охрид Ојлески и Ѓорѓески ги продолжија договорите со Охрид до 2027 година, а Костов, Кукуловс...
Четвртото издание на Меѓународниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“, ќе се одржи во спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид од 19 до 23 август 2025 година Турнирот оваа година ќе трае пет де...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.