Македонија на барање на Фудбалската Федерација на Катар, прифати да одигра пријателски натпревар. Мечот ќе биде убава можност за проверка на кандидатите за националната А-селекција како и да се види во каква форма се наоѓаат репрезентативците.

– Списокот кој што е објавен е така составен со цел да им дадеме можност на одредени играчи кои имаат потенцијал и заедно со стандардните да ги провериме нивните можности. На списокот се наоѓаат и неколку играчи кои што за прв пат се повикани во репрезентација (Марио Ѓуровски, Глигор Глигоров, Душан Савиќ) како и играч кои што подолго време не бил на овој список (Роберт Попов) – вели Јонуз за официјалната веб страна на ФФМ

Противникот е непознаница, но акцентот ќе биде на нашата игра и шансата што ќе ја добијат одредени играчи. Нема да се менува системот и начинот на игра а ќе биде потребно да ги искорениме слабостите кои се покажаа во изминатиот период како и да се истакне желбата за добра игра и победа, завршува селекторот.

ohridnews