Јонуз ја одлежа казната, ќе ја освежувал репрезентацијата
15.09.10 09:30
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Мирсад Јонуз поради исклучувањето на средбата Словачка – Македонија заработи казна од 1 (еден) натпревар и истата е применета на квалификацискиот дуел Македонија – Ерменија што се одигра на 7. септември во Скопје.
Со ова селекторот Јонуз се стекнува со право да го води националниот тим од клупа во продолжението од квалификацискиот циклус.
– Довербата тешко се стекнува, лесно се губи. Однесувањето на теренот треба да биде како на тестовите до пред стартот со Словачка. Тоа на последните два натпревара го немаше меѓу репрезентативците, па затоа во тимот ќе следуваат нови рокади. Ќе ги има во сите три линии – рече Јонуз за “Дневник“.
Селекторот пред новиот квалификациски циклус направи проветрување во репрезентацијата по неуспешната генералка со Малта. На принуден одмор замина стандардниот Владе Лазаревски, повремениот Бесарт Ибраими и дебитантот Никола Глигоров, но затоа пак нова или за првпат шанса да конкурираат за официјални мечеви добија дури осум кандидати.
Поради исклучувањето на средбата Словачка – Македонија, фудбалерот Ванче Шиков е казнет со 1 ( еден) натпревар. Казната е применета на средбата Македонија – Ерменија со што Шиков ќе може да настапи на средбите со Андора и Русија.
Од ФФМ уште и информацијата дека во периодот од 20 – 22 септември 2010, селекторот Мирсад Јонуз и техничкиот директор на ФФМ Небојша Марковски ќе учествуваат на 9-тата УЕФА конференција за селектори од европа кој ќе се одржи во Мадрид – Шпанија.
Во рамки на 17-то коло од Втората кошаркарска лига, кошаркарите на Охрид на домашен терен ја пречекуваат екипата на Водно-Санс од Скопје Натпреварот се игра во недела, 9 март, со почеток во 17 часо...
Билетите за натпреварот ГРК Охрид – РК Вардар 1961 ќе бидат пуштени во продажба од денес од 12 часот кај Аждер, а на денот на натпреварот истите ќе се продаваат на билетарата во спортската са...
Ракометарите на Охрид во рамки на 21-то коло од Супер лигата во сабота ја пречекуваат екипата на Вардар Вардар е екипа која цели високо и секогаш се бори за титула Наша задача е добро да се подготв...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.