Селекторот Мирсад Јонуз изјави дека Македонија има „реални шанси“ во квалификационата група за историски прв настап на ЕУРО 2012.

–  Добивме група во која имаме реални шанси да се надигруваме и да освоиме едно од првите две места во групата. Нема финансиски ефект како што посакувавме , но мислам дека добивме група која реално ни дава шанси да го направиме најголемиот успех досега –  изјави Јонуз за официјалниот сајт на македнската фудбалска федерација.

– Противниците се солидни, квалитетни и вистински предизвик за нас, но и противници со кои можеме да ги постигнеме посакуваните резултати. Реално аутсајдер е Андора, додека сите останати селекции, вклучувајќи не и нас можат да се најдат на првите три места на табелата. Русија е секако фаворит број еден и „ранетиот лав во групата” по елиминацијата од настапот на СП во Ј Африка, но тоа значи и противник кој може да се изненади. Останатите противници не би ги анализирал посебно. Со некои од нив во блиско минато игравме и подобро ги познаваме, против Ирска и Словачка исто имаме настапи но од поодамна. Работите сега се променети , наше е да се мобилизираме правовремено, да ги подготвиме играчите за успешни игри, да стекнат уште поголема доверба во своите можности –  изјави Јонуз.

Распоредот на натпреварите во групата Б во која се Македонија, Русија, Република Ирска, Словечка, Ерменија и Андора, ќе биде договорен на 18 февруари во Москва

– Знаејќи ја состојбата со Националната арена Филип Втори кој е во состојба на градба и без осветление, ќе се обидеме да договориме во првите термини да гостуваме и да обезбедиме доволно време за доградба на арената за да може натпреварите како домаќини да ги играме пред нашата публика. Се надевам дека сите структури ќе го дадат максимумот и Националната арена во целост ќе ја подготвиме и благовремено за стартот на квалификацискиот циклус“ изјави веднаш по извлекувањето претседателот на ФФМ , Хари Хаџи-Ристескi

Ohridnews