Селекторот Мирсад Јонуз на меѓународната конференција на тема „Стоп за насилството – безбедност на стадионите“ имаше излагање на тема „Мојот пат кон успехот и предизвиците за борба против насилството во спортот“.

По завршувањето на предавањето селекторот проговори за последните случувања околу македонската фудбалска репрезентација и наводните скандали кои се појавија околу наместениот пријателски натпревар против Канада.

Предлагам за наредниот ден на дрвото, јас, заедно со фудбалерите и стручниот штаб да засадиме 8 милиони канадски тополи – рече Јонуз алудирајќи на сумата која се спомнува во некои од нашите медиуми околу обложувалничките исходи од овој натпревар.

ohridnews