По неочекуваниот пораз од селекцијата на Естонија, селекторот на младата репрезентација Мирсад Јонуз заедно со Стручниот штаб одлучија од последната квалификациска средба со Норвешка да започнат со создавањето на нова генерација која ќе го понесе товарот во следниот квалификациски циклус.
-Ни преостанува уште натпреварот со Норвешка. Освоивме 8 бода што пред почетокот на квалификациите тешко беше остварливо во група со Холандија, Швајцарија, Норвешка и Естонија.
Според играта што ја прикажавме можевме да освоиме повеќе бодови, но ако се направи анализа можеби овие 8 бода се најреални, поаѓајќи од фактот за квалитетот на нашата лига и од анализата за избор на мал број на играчи (22) кои во своите клубови или не играат или пак имаат минимална минутажа (на последниот натпревар против Естонија неколку играчи дури немаа ни клубови Пандев, Славковски, Ибраими, Димитровски и играчи кои што немаат ни минимална минутажа како Тричковски, Глигоров, Фазли, Петров идр.).
Во текот на овие 5 години под мое раководство, започувајќи од генерацијата 1981 (Пачовски, Георгиевски, Попов, Пандев, Стојков, Балдовалиев, Грозданоски, Тасевски, Масев, Шиков, Лазаревски, Горан Попов, Тричковски, Тофилоски, Мојсов и други имиња, играат или се кандидати за А Репрезентација).
Оваа генерација 1986/87 која што заминува остава еден добар рејтинг за следните генерации, а и остава голем потенцијал. Од она што беше изјавено во медиумите, овие деца се длабоко навредени и омаловажени, и како спортисти и како луѓе.
Немаме многу време, за 10тина дена е прозивката, која што е закажана во Скопје (Хотел Белви на 04.09.2008) и ќе се подготвуваме за натпреварот со Норвешка.
Списокот на фудбалери ќе биде објаве идната недела, а секако сметаме и на странците (Цветанов од Базел, Лазевски, Селмани, Стојков Драган, Ибраими Агим, Мустафи од Базел и Славковски), како и сите фудбалери од нашата лига, генерација 88/89 и помлади – изјави селекторот на младите Мирсад Јонуз.
извор:ffm.com.mk