И по третиот ден од мечот со Ирска кој Македонија во анемична игра го загуби со 2-0,селекторот на македонската фудбалска репрезентација Мирсад Јонуз, се уште се дума дали да даде оставка или да ја истера работата до крај.


И додека Јонуз размислува,  УО на ФФМ кој го назначи пред две години си побара екстра време за да се смири ситуацијата и дополнително да донесе одлука, доколку претходно селекторот сам не одлучи да се си замине.

“Оди си Јонуз“ скандираше “Филип Втори“, недвосмислено кажувајќи му што мисли за неговиот ангажман на кормилото на “црвено-жолтиот“ брод. Бродот одамна го изгуби компасот и сега вртоглаво тоне кон јубилејното 100. место на ФИФА рејтинг листата.


Атмосферата во репрезентацијата која по правило е одлична и во неа сите уживаат, му дојде до главата на селекторот. Лежерниот пристап на македонските репрезентативци на подготовките во Охрид кои беа планирани да ги освежат силите, се пренесе и на теренот во саботата, па оние 30 илјади кои замина на “Филип Втори“ да го гледаат својот национален тим видоа еден изморен, исцеден, лесно предвидлив тим кој не може да даде гол од пенал, и беше собран колку да се одигра натпреварот.


Но се тече, а ништо не се менува во националниот состав, селекторот засега останува да го (пред)води тимот кон најслабиот квалификациски циклус воопшто во историјата на македонскиот фудбал.

Ако селекторот Јонуз ни кажуваше дека ќе биде втори, но од позади, тогаш грешката е наша и ние ќе имаме доблест да го признаеме тоа. А до тогаш . . .“Should i stay, or should i go !?”

М.Постоловски