Пријатно изненаден e селeкторот на репрезентацијата под 21 г.  Мирсад Јонуз од она што го виде на Билјани Извори. Несомнен е потенцијалот на Охрид но со вложувања во инфраструктурата во спортско рекреативниот центарот, Охрид лесно може да стане фудбалски центар на Балканот.

Билјанини Извори“ поседува извондреден потенцијал, од контаките со охриѓани слушам дека и ФК Охрид заживува како клуб и има амбиции да влезе во Првата лига онаму каде и што му е местото. Со вложување во инфраструктурата Охрид лесно може да биде домаќин на странски екипи кои тука би ги спроведувале подготовките – истакна Мирсад Јонуз на првиот тренинг од подготовките во Охрид на селекцијата под 21 г.


ЈП “Билјани Извори“ продолжи со средувањето на подтрибнискиот простор на стадионот. По санитарните јазли на ред е дотерување на тунелот и соблекувалните на екипите.

M.П.