Апелирам до вас новинарите сите заедно да застанеме зад оваа
генерација фудбалери и да им дадеме поддршка во овој циклус. Во фудбалот
се победува, но и се губи затоа е потребна позитивна атмосфера во
јавноста и на крај очекувам сите задоволни со постигнатите резултати да
направиме резиме на овие квалификации
.  – изјави селекторот Јонуз пред новинарите.


Фудбалерите сами побарале во овој квалификациски циклус да бидат одредени премии само за освојување на првите три места во квалификациската група, што според селекторот е знак дека репрезентативците се свесни за очекувањата и сите пројавија желба Македонија да го напушти  досегашното 4. место во квалификациите што значи императивот е освојување на едно од првите две места во овој циклус.


Повредата на Пачовски предизвика големи проблеми. Факт е дека во претходните циклуси не беа правени напори да се внесат помлади голмани бидејќи Македонија располагаше со извонреден голмански тандем во Милошевски и Николовски. Сепак со  Тофиловски и Богатинов ќе имаме солиден тандем како евентуална алтернатива на  Един Нурединоски кој според мене има извонредни квалитети да брани стандардно во овие квалификации– заврши Јонуз.

Ohridnews