Искусниот ракометар Ацо Јоноски богатата кариера ќе ја продолжи во составот на Ла Риоха, кој се натпреварува во шпанската АСОБАЛ лига.
Јоноски како и останатите ракометари заминаа од македонскиот првак Металург по финансиска криза, која го зафати клубот од Автокоманда.
– Ќе одам во Ла Риоха до крајот на оваа сезона. Нема да можам да им помогнам во Лигата на шампионите затоа што немам право да играм, но ќе настапувам во шпанската лига каде што тимот има амбиции повторно да заврши на второто место. – рече за Спортмедиа, Јоноски.
Македонскиот репрезентативец нема право за настап во Лигата на шампиони, а со шпанскиот клуб потпиша договор до крајот на сезоната.
Ohridnews