Охриѓанецот Илче Јоноски ќе биде дел од македонската боксерска експедција на традиционалниот турнир „Хакија Туралиќ 2009“, во Сараево, БиХ.

Покрај Јоноски (Охрид, 81 кг) уште ќе настапат Серхан Мамедов (Скопје, 60 кг), Фатлум Жута (Синди, 75 кг),Димитар Ташков (Баргала, 91 кг) и Примислав Димовски (Скопје, +91 кг).

Турнирот во Сараево ќе претставува и тест на формата на македонските боксери пред настапот на Светското првенство (СП) во септември во Милано, Италија.      

ohridnews