Македонските репрезентативци Ацо Јоноски и Гоце Георгиевски ќе ги следат стапките на клупската легенда на Металург, Филип Миркуловски, кој го напушти клубот.


Од почетокот на сезонава тимот од Автокоманда западна во тешка финансиска криза по која заминаа странските ракометари, а сега заминуваат и македонските кои ги имаше во голем број.

Јоноски и Георгиевски се уште немаат најде клуб во кој ќе продолжат, но немаат да имаат проблем бидејќи поседуваат големо искуство.

Ако и овие двајца заминат од Металург од старата гарда ќе останат само Ренато Вугринец, кој ги чека заостанатите плати, Гоце Ојлески и голманот Никола Митрески.

Ohridnews