Идната година ќе биде клучна во процесот на пристапување на земјите од Западен Балкан, порача европскиот комесар за соседска политика и проширување Јоханес Хан за време на говорот во грчкиот институт „Хеленска фондација за европска и за надворешна политика“.

Хан во говорот што се одржа во петокот, нагласил дека во 2018 година ќе кулминира приликата за промоција и пристапување на земјите од Западен Балкан во Европската Унија.