Охриѓани од вчера започнаа со депонирање на потписи за поддршка на хашкиот обвинет, Јохан Тарчуловски. Акцијата се одвива на неколку пункта во градот, но организаторите не се најзадоволни од одзивот на охриѓани. До 18 часот на пунктот поставен на централниот плоштад, својот потпис за поддршка на Јохан го дале само 170 граѓани. „Одзивот не е на очекуваното ниво“, ни изјави момчето на пунктот. Такви се охриѓани. Да беше некој друг град ќе беше многу помасовен одзивот, а вака останува да се надеваме дека повеќе потписи ќе има во наредните денови, додаде момчето.



Поддршка за Јохан Тарчуловски

Потписи за поддршка на Јохан Тарчуловски се собираат и на пункт кај стариот Чинар и на повеќе други локации во Охрид.