Анализа на резултати на низа претходни студии укажува на намалување на крвниот притисок кај луѓето кои практицираат јога.

Јогата е исклучително ефективно средство за борба против високиот крвен притисок, тврдат научници од германскиот Универзитет Duisburg-Essen, додавајќи дека најдобрите резултати ги постигнуваат оние со највисок крвен притисок.

Во претходните истражувања јогата успешно е поврзана со позитивните ефекти на пореметувањето на срцевиот ритам и контролата на посттрауматското стресно пореметување, а ново истражување на таа листа го додава и многу раширениот висок крвен притисок.

Систоличниот притисок по 8 недели практицирање јога просечно се спуштил за 10 мм на живата, а дијастоличниот за 7 мм, што се одлични резултати за контрола на притисокот без употреба на лекови.

Бидејќи високиот крвен притисок е поврзан со многу зголемениот ризик за цела низа пратечки болести и прерана смрт, во случај да патите од висок крвен притисок, јогата е најдобар избор за вас.

 

извор: metro-portal.hr