Еден од најдобрите ракометари во светот Филип Јиха е предводник на германскиот Кил, кој е противник на Металур во 1/4 финалето од Лигата на Шампиони. Чешкиот интернационалец во дресот на германскиот Бундеслигаш пред мечот со Металург за „Спортмедиа“ изјави дека не го плаши атмосферата во Скопје.
– Знаеме дека играме во ‘најжешката’ сала од сите во Европа. Мечот со Металург ќе биде вистински предизвик во однос на атмосферата што не очекува. Металург ќе биде мотивиран, навивачите „загреани“, одлична атмосфера – и воопшто нема да ни биде лесно – рече Чехот во редовите од Кил.
На дуелот со Металург во ЛШ „зебрите“ доѓаат по поразот од Рајн Некар во Бундес лигата – Од нивото на квалитет можеме да ги споредуваме Металург и Рајн Некар – и сите можеа да видат што ни се случи на нас кај Рајн Некар во средата вечерта. Но, овој пораз ние го загубивме првото место на табелата во Бундеслигата, и мора да биде повик за будење доколку сакаме да го издржиме притисокот во Скопје. Од Мајнхајм патуваме директно за Скопје, со едно преноќување во Франкфурт, па сите може да видат колку сериозно го сфаќаме предизвикот со Металург – додаде Јиха.
Еден од трите преставници на германскиот ракомет во ЛШ пред пет години успеа да го совлада Металург во Скопје со резултат 30-25, но од тој состав само Миркуловски и Димоски останаа.
Мх.П.