Капитенот на репрезентацијата Јелена Антиќ смета дека е краток периодот за подготвки но очекува да се прикажат во добро издание.



– Одлично го искористивме краткиот период во кој трениравме напорно, неколку дена сме во Охрид каде се аклиматизиравме на условите. Ние сме најмладата селекција на шампионатот и нашите очекувања се позитивни. Она што е најважно за нас, не се предавме одиме со главата горе и ќе се обидеме со добрите резултати да и се оддолжиме на публиката и ќе ја преставиме Македонија во добро светло- вели Антиќ.

М.П.