Познатата издавачка куќа од Белград, „ Архипелаг“, со поддршка на Министерството за култура на РМ, ја објави книгата „Јазичен триптихон“ од Славе Ѓорго Димоски. Преводот е на Душко Новаковиќ, еден од најдобрите познавачи и препејувачи на македонската поезија.
„Песните кои ги пишува Славе Ѓорѓо Димоски содржат силни чувства на модерниот миг во кој единката, паметејќи го и сведочејќи го искуството на историјата и слоевите на времето, постојано стои соочена со сенката на заканата. Таа закана е разнолика, како што е и модерниот свет за кој зборува поетот, разнолик и едвај фатлив во своите разноразни фрагменти, вели Гојко Боѓовиќ во поговорот на книгата.
„Јазичен триптихон“, која ја понесе наградата „Ацо Шопов“ за најдобра поетска книга на ДПМ за 2016 год. е четврта книга на Ѓорѓо Димоски објавена на спрски јазик, а претходни се „Мерач на зборовите“ (2010), “Поле. Бојно поле?“ (2011) и “Блиска врска“ (2014).
Книгата „Јазичен триптихон“ се преведува на бугарски јазик и до крајот на годинава треба да се појави во Софија.
OhridNews