Фудбалерите на Влазрими претрпеа пораз од Јавор на последниот натпревар во подготвителниот период во Охрид.


Србите беа подобар противник од „сините“ особено во вториот дел кога постигнаа два од трите погодоци.


Охридскиот стратег на клупата од кичевчани Драган Бочески им даде шанса на сите фудбалери во дуелот со Јавор Ивањица.


Подготовките амбициозниот второлигаш ќе ги продолжи на својот терен, а ќе одигра уште неколку пријателски средби.

Мх.П.