Фудбалските експедиции на Јавор од Ивиња и Ренова ги завршија подготовките и заминуваат од Охрид.
Јавор во Охрид беше цели две седмици додека Ренова покрај Охридското крајбрежје беше десет дена. Од двата табори задоволни се од временските услови, теренот „Атина Бојаџи“ и од гостопримливоста на охриѓани.
Од вторник во Охрид на подготовките ќе дојде нов клуб, а тоа е Пелистер, кој на клупата го има охриѓанецот Драган Бочески.
До сега „зелено белите“ имаа блиц посети во Охрид со одигрување на контролни натпревари.
Мх.П.