Навредите на ОК на ВМРО- ДПМНЕ упатени кон градоначалникот Александар Петрески ја надминаа црвената линија на политичка комуникација. Без елементарна политичка одговорност во последното соопштение напишаа дека градоначалникот „го губи здравото расудување и немајќи своја, сака да се поигрува со интелегенцијата на граѓаните на Охрид“, стои во реакцијата  од кабинетот на градоначалникот .

Ваквата измислена и политички нотирана квалификација не е само клевета туку кривично дело по повеќе други основи,  за кое очекуваме дека службено ќе се заинтересира Основното јавно обвинителство од Охрид и ќе покрене соодветна кривична пријава.Со тоа ќе се покаже дека функционира правната држава, а во ОК на ВМРО- ДПМНЕ конечно ќе научат дека крајно време е нивната  улична да ја заменат со нормална јавна и политичка комуникација, се вели во реакцијата.

OhridNews