Јавното наддавање за атрактивната локација во Горица на која според урбанистичкиот план треба да се гради елитен хотел е oдложена за следниот месец.

Министерството за транспорт и врски информира дека во општина Охрид е направена исправка во јавната објава во однос на роковоте и дека јавното наддавање наместо на 25 јуни, како што претходно беше најавено, ќе се одржи кон крајот на месец јули.

Ова е трет обид на државата да го продаде градежното земјиште во Горица за изградба на елитен хотел. Претхорно пропаднаа обидите таму да се привлечат големите брендови како “Хилтон“ кој беше најпосакуван инвеститор.

Поради слабиот интерес Владата неодамна ги намали условите за продажба на атрактивното земјиште, за кое сега ќе може да конкурираат хотелски синџири кои поседуваат минимум 5 хотели.

Ohridnews