Натаниел е момче кое јавно признало дека до уши е вљубено во својот автомобил. Младиот американец своето признание јавно го изнел во телевизиската емисија „My strange addicition“, која претставува луѓе кои имаат необични зависности и страсти. Натаниел на својот татко му признал дека со години го посакувал својот миленик на четири тркала, со кој бил толку многу поврзан, што дури и водел љубов.

Необичната врска започнала во неговите тинејџерски години, кога бил осамено дете на разведени родители. После признанието следела изјава на таткото кој спремно пред камерите ветил дека со синот ќе минува повеќе време.