Почитуван Д-р Василески

После денешниот прес кој го одржавте како портпарол на ЈЗО Општа Болница Охрид морам вака јавно да Ви се обратам како на портпарол со цел да побарам од Вас да се доизкажете во целост по само една реченица која на прес конференцијата не ја довршивте и не кажавте на кого мислите.

И на самиот почеток ќе Ви кажам дека Ви се обраќам како на портпарол , а не како на доктор бидејќи како доктор сте бренд во градов, ценет и почитуван, стручен и на самиот врв во својата струка и професија во Охрид, но ќе си земам за право јавно да Ви кажам дека како портпарол сте аматер и уште ќе си дозволам да бидам уште подрзок и да Ви кажам јавно дека нетреба да се занимавате со  портпаролство бидејќи оставате впечаток во јавноста како неснаодлив менаџер на односи со јавност, а не како одличен професионалец во медицината што Вие всушност и сте и тоа е општо познат, признат и факт кој никој не може да го оспори.

Морам од Вас јавно да побарам да се доискажете во овој дел каде останавте не доискажан

– Со гурба манипулација беше поставена слика на огласната табла со непристојна содржина која е поставена од луѓе кои влегле во управната зграда некој миг, некој новинар, дали се работи за сам поставувам сам снимам ? ? ?

Бидејќи јас бев новинарот кој дојде во болницата и ја фотографира и сними , а потоа објави огласната табла јавно барам од Вас да кажете на кого мислите. Во оваа реченица останува нејасно дали мислите на мене и мене ме поврзувате дека сум влегол во болницата сум ја поставил фотографијата, сум ја фотографирал снимил и побегнал или мислите на новинари кои сега работат во Локалната самоуправа ? Но и доколку мислите на нив ќе морате јавно да кажете на кого мислите бидејќи таму не работи само еден новинар, па доколку сте мислеле на некој од нив повторно би било коректно да бидите достоинствен и да кажете на кого мислите, бидејќи оставате јавноста да погодува  дали сум ја закачил фотографијата јас, или некој од нив  и со тоа ни штетите на сите.

Вие како протпарол на јавна установа морате да знаете дека не смеете да манипулирате со непроверени информации или да кажувате работи одоколу бидејќи Вие не сте политички протпарол, па да е нормално да манипулирате со зборовите и да се изразувате двосмислено, туку сте портпарол на институција и тука манипулирање со зборови, двосмисленост и недоискажаност е неприфатлива и затоа ќе морате да се доискажете таму каде сте останале недоискажан.

Ова како мала лекција што е политичко портпаролство, а што портпаролство на јавна установа Ви го кажувам јавно бидејќи во нашиот град сум единствен носител на диплома со која сум се стекна со звање Менаџер за односи со јавноста од Академијата за Односи со јавност на Швајцарската конфедерација во Берн.

Почитуван портпарол Василески. Јас во мојот живот никогаш не сум објавил текст со иницијали. Никогаш не сум се недоискажал во речениците, ниту пак сум се скрил и не сум се потпишал зад некој текст па од тука сметам дека не можете ни Вие кој сте портпарол на институција ( а не на партија ) да се изразувате на прес конференциите во ”обланди” и ќе морате достоинствено пред цела јавност да кажете на кој новинар мислите. Само така ќе може да бидете искрен портпарол кој не ја  манипулира јавноста  туку информира и само така од како ќе го кажете кој е тој ќе може да реагира и Регионалната канцеларија на ЗНМ која се надевам ќе го информариа и ЗНМ во Скопје  и потоа би требалот Суд на честа  ќе треба да го ” осуди ” тој новинар кој направил вакво нешто или да ја осуди ЈЗО Општа Болница за клеветење новинари без докази.

И на крај од писмото ќе Ве прашам дали има во болницата камери ? Ако има дали ги прегледавте снимките и дали сте подготвени да ги дадете на јавен увид моментите кога јас влегов во болницата го фотографирав и снимив паното и си заминав. На крајот на краиштата ако ја имате уште фотографијата и огласната табла Ве молам да ги дадете да се земат отисоци од нив, а може и друг биолошки материјал да  се земе  и да се испита дали некој од тие новинари во кои се сомневата го дорпел паното и фотографијата.

Што се однесува до непрофесионалниот однос со тоа што не ме поканавте и мене на Вашата денешна прес конференција уште еднаш ќе Ви кажам дека и тука потфрлате како портпарол бидејќи мојот медиум е медиум етаблиран и познат во Охрид и пошироко и таков ќе остане независно дали ќе ме поканите или не на прес конфереција.

Со голема почит

Љупчо Таневски

Сопственик на Ohrid1.com и дипломиран PR Менаџер

*Ставовите изнесени во рубриката „Писма“ се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.