Локалната самоуправа има во план да постави јавни тоалети во стариот дел од градот, но за тоа чека дозвола од Министерството за култура, односно Управата за заштита на културните споменици, под чија заштита е стариот дел од градот.

Градоначалникот Александар Петрески, изјави дека во план е да се постават јавни тоалети на неколку локации и тоа: во близина на Завод и музеј- Охрид, Античкииот театар, кај Самоиловите тврдини, Плаошник и Долни Сарај.

– Штом ги добиеме потребните одобренија, тоалетите ќе бидат поставени, рече Петрески.

OhridNews