Собранието на Република Македонија донесе Закон за плаќање на рати на даночните долгови на јавните претпријатија основани од Република Македонија или од општините. Со законот се предвидува плаќање на долговите на јавните општински претпријатија на рати на 10 години со грејс период од 3 години , без камати.

Со реакција на донесениот закон денеска се јави ВМРО ДПМНЕ, според која истиот е од големо значење за општина Охрид.

– Овој закон ќе има големо значење затоа што со ова ќе се овозможи Јавните  претпријатија “Проаква” и  “Комуналец” да се раздолжат од долговите и вработените конечно да почнат да земаат плата. И покрај тоа што локалната власт во Охрид е на СДСМ и многу често и неодговорно работи надвор од интересот на Охрид , сепак за нас како партија и како владеачко мнозинство во државата на прво место се граѓаните и работиме со цел им помогнеме на сите нив, се наведува во соопштението.

Од ВМРО ДПМНЕ сметаат дека со донесување на Законот за плаќање на рати на даночните долгови на јавните претпријатија, во иднина не треба да има оправдување за евентуалните неуспеси во работењето на „Проаква“ и „Комуналец“, како и за изјавите на преставниците на локалната власт  дека некој го блокира Охрид.

Ohridnews