Државните и општинските јавни препријатија кои своите даночни долгови сакаат да ги отплаќаат на рати,  најдоцна до петок, треба да поднесат барање до Управата за јавни приходи.

Ова е дел од одредбите на новиот Законот за плаќање на рати, што на јавните претпријатија ќе им  овозможи плаќање на заостанатите даноци,  на 120 месечни рати, со грејс период од најмногу 36 месеци. Ова се однесува на сите даночни долгови до 31.12.2009 година .

Даночните должници, за да го остварат правото утврдено со овој законот, до надлежната Регионална Дирекција на УЈП треба да поднесат пополнето Барање, чии што образец може да се најде на линкот: http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/106

Оваа владина мерка според  ЈП „Охридски Комуналец“ нема да придонесе за подобрување на состојбата во која се наоѓаат јавните претпријатија. Оттаму посочуват дека доколку државата ги подмири долговите кон јавните претпријатија тие веднаш ќе ги подмират обврските кон неа.

– „Охридски комуналец“ на државата и должи 3.3 милиони денари, додека државата ни должи 10 милиони, преку долгови на институции и државни јавни претпријатија. „Охридски комуналец“ има побарувања од болниците во износ од повеќе од 450 илјади денари, од училиштата над 350 илјади денари, државните јавни претпријаија над 4,4 милиони денари, Министерството за финансии над 3,2 милиони денари. Разликата во долгот изнесува 6.8 милиони, средства со кои доколку би биле подмирени би набавиле две специјални возила за собирање смет, изјави неодамна директорот на „Комуналец“, Сашо Алчев.

Ohridnews