Јавните презентаци, на кои учество може да земат сите заинтересирани граѓани, ќе бидат организирани во просторите на Општина Охрид.
Во петок на 7 мај, закажани се јавни презентации на:
1. Нацрт-ДУП за Урбана Заедница 11, дел од Урбан Блок 11.4 (ВИДОБИШТА),
2. Нацрт-ДУП за УЗ 13 УБ 13.1 (КАСАРНА),
3. Нацрт-урбанистичките планови вон населено место ГОРИЦА-СВЕТИ СТЕФАН-МЕТРОПОЛ опфат3 и делот од туристичкиот комплекс „Свети Стефан“ (пред хотел „ЗАСТАВА“) и
4. Нацрт-урбанистичкиот план вон населено место за дел од УБ 8 опфат 1 Лагадин-Пештани.
Во понеделник на 10-ти мај, ќе се одржат јавни презентации на:
1. Нацрт-ДУП за УЗ 2 УБ 2.1 опфат 2 (кај КАТОЛИЧКА ЦРКВА),
2. Нацрт-ДУП за УЗ 5 дел од УБ 5.1 опфат 1 (ЗОНА ЗАПАД) и
3. Нацрт-ДУП за УЗ 2 УБ 2.3 опфат 4 кој зафаќа површина од 1,6 хектари.
Подетални информации за Деталните урбанизитички планови, кои ќе бидат на јавна презентација, ќе може да добиете на веб-страницата на Општина Охрид.