Традиционално пред Нова Година во музичкото училиште „Методи Патче“ – Охрид, се одржуваат јавни часови на кои композиции изведуваат учениците од повеќе одделенија. Од понеделник 18-ти до петок 22-ри декември секоја вечер во 17.00 и 18.30 часот ќе се претставуваат младите музичари на разни инструменти. Секој професор се претставува со својот клас.

Вршителката на должноста директор, Нина Момировска го најавува и новогодишниот концерт:

„На 26-ти овој месец училиштето одржува Годишен концерт во „Центарот за Култура“ – Охрид. Ги покануваме сите кои сакаат убава музика. Оркестарот и хорот од училиштето ќе изведуваат традиционални новогодишни композиции.“

Вистинска реткост се културните збиднувања во нашиот град. Не ја цениме уметноста во ниеден облик.

А баш е убаво да се видат овие деца како се трудат да отсвират што подобро пред своите родители и професори. Можеби меѓу нив е некој иден Трпчевски или идна Ванеса Маи. Заслужуваат поголемо внимание од јавноста.


Заслужени аплаузи

                                                                                           С. Костоски