Локалната самоуправа ги поканува заинтересираните граѓани на Јавна трибина организирана во врска со Нацрт-статутот на општина Охрид. Трибината ќе се оддржи на 18.01.2007 во 18 часот, во големата сала на општината.
 
Граѓаните на општина Охрид имаа можност во периодот од 11.12.2006 до 11.01.2007 година да учествуваат во јавната расправа за Нацрт-статутот со сопствени сугестии, предлози и мислења.
 
Трибината има за цел уште еднаш преку непосредни разговори да се овозможи граѓаните и сите релевантни структури да предложат и изнајдат најсоодветни прифатливи форми за изготвување и донесување на новиот Статут на општина Охрид