Јавната распределба на социјалните станови во Охрид ќе се изврши денес со почеток во 10 часот, во просториите на Домот на Култура “Глигор Прличев”. Според најавите на Министерството за Транспорт и врски, распределбата на  социјалните станови, кои се сместени во населбата Расадник, ќе се врши јавно и по електронски пат.

На огласот за распределба на 71 социјален стан во Охрид, имаат аплицирано вкупно 144 социјално загрозени лица. Според прописите на Јавниот оглас за становите можеа да аплицираат лица кои се станбено необезбедени, деца без родители, корисници на социјална помош, лица погодени од елементарни непогоди, инвалидни лица, лица од социјално загрозена ромска заедница и самохрани родители со малолетни деца.

OhridNews