Јавната национална установа Хидробиолошки Завод – Охрид организира јавна расправа по изработените  риболовни основи за Охридското Езеро во која ќе учествуваат и претставници на локалната  самоуправа , согласно Законот за рибарство и аквакултура.

Јавната расправа ќе се одржи утре во големата сала на зградата на Општината. На јавната расправа се очекува експертите да го изнесат својот став околу начинот на кој треба да биде организиран стопанскиот и рекреативниот риболов на Охридското Езеро.


Експертите ќе кажат како и колку ќе се лови риба во Охридското Езеро

Ohridnews