Jавна расправа за Нацрт на Стратегиски план за рехабилитација на природното и културното наследство на Охридскиот Регион ќе се одржи на 21 ноември информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Работна група формирана од Владата на Република Северна Македонија изработи прва Нацрт верзија на Стратегиски план за рехабилитација на природното и културното наследство на Охридскиот Регион, што е во согласност со Одлуката (44 COM 7B.77) донесена на 44-та сесија на Комитетот на светско наследство одржана во Фужу, Кина (2021 година). Изработката на Стратегискиот план беше координирана со работната група од Република Албанија, со која заеднички се дефинираа стратегиските цели и Акцискиот План, велат од Министерството.

Нацрт верзијата на Стратегискиот план е објавена на веб страницата на МЖСПП и е достапна на следниот линк: https://bit.ly/3A9bk4M.

Јавна расправа ќе се одржи на ЗООM платформата https://bit.ly/3O9dJlG од 12:00 – 14:00 часот (Meeting ID: 871 3723 1092 Passcode: 773406).

Забелешки, мислења и предлози во однос на документот може да се дадат на јавната расправа, да се достават на следната електронска адреса: [email protected] и [email protected] или по пошта на адреса на Министерството „Плоштад Пресвета Богородица“ бр.3 Скопје, додаваат од МЖСПП.

OhridNews