Првата драфт верзија на Локалниот младински акционен пан за општина Охрид 2009 – 2012 ќе биде ставена на јавна расправа  денеска во просториите на Одделението за ментално здравје во Општата болница во Охрид.

Претставниците од здравствените инситуции ќе дискутираат  по приоритетот “Здравство и превенција”, опфатен со планот.
Инаку, Локалниот младински акционен план го подговува Младинскиот совет на Охрид . “Јавните расправи, велат оттаму,  се организираат за да се овозможи поголема транспарентност и отвореност на целиот процес, а воедно да се обезбеди и поголема поддршка и стручно мислење од институциите”.

По завршувањето на серијата јавни расправи, Предлог- верзијата на ЛАМП ќе биде ставена на дневен ред пред членовите на општинскиот совет.

Ohridnews