Утре (четврток), во хотел „Нова Ривиера“ во Охрид во 12 часот ќе се одржи една од јавните расправи што во неколку градови во Македонија се организираат за нацрт-стратегијата за културен развој на Република Македонија за 2018-2022 година. Јавната дебата е во организација на граѓанското здружение „Јадро“ и Министерството за култура на Република Македонија, со поддршка од Фондацијата Отворено општество -Македонија.

Целта на овие дебати што се реализираат со локална поддршка од граѓанскиот сектор и од локалната самоуправа е децентрализација на расправата за стратегијата во културата за наредниот 5 годишен период, со што во дебатата се вклучуваат сите чинители во културата, од независната сцена и од институциите.

На дебатите учествуваат претставници од партнерската организација „Јадро“, претставници на локалната самоуправа и националните установи на културата, локалните партнери и граѓанскиот сектор, претставници на работната група за стратегијата и на Советот за култура, како и независни уметници и културни работници.

Јавната расправа со сите засегнати страни ќе се одвива до конечното усвојување на стратегијата на крајот од оваа година.

OhridNews