Министерството за животна средина и просторно планирање денеска  во Големата сала на Општина Охрид  организира стручната расправа по Нацрт Просторниот План за Охридско Преспанскиот Регион .

Основната цел на планот е да промовира Стратегија за просторен развој на регионот која содржи основни насоки за намена,користење, заштита, организација, уредување и управување на регионот.

Изработката е финансирана од буџетски средства на Министертството за животна средина и просторно планирање а врз основа на усвоена Програма на Владата на Република Македонија за 2007 година

Во име на организаторот , Министерството за животна средина и просторно планирање , воведено обраќање на стручната расправа ќе има Дејан Пановски – државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање.

ohridnews