Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Општинa Охрид, организира јавна расправа по Нацрт Законот за прогласување на Охридското Езеро за заштитено подрачје во категорија III-Споменик на природата.

Јавната расправа ќе се одржи во големата сала на Општина Охрид на 14.09.2023 (четврток) со почеток во 10:00 часот. Финалната презентација за Нацрт Законот може да се погледне на линкот.

Донесувањето на Законот, како што претходно информираа од Министерството за животна средина произлезе од потребата Охридското Езеро повторно да се прогласи за заштитено подрачје во категоријата „Споменик на пририродата“ – категорија III, согласно Законот за заштита на природата на Република Северна Македонија како и поради своите уникатни светски природни и културни вредности како и геоморфолошките и хидролошките карактеристики.

Со донесување на Законот за прогласување на Охридското Езеро за споменик на природата ќе се овозможи зачувување на природната состојба на езерото преку заштита на природните, културните и други вредности како единствена природен феномен во светот, спречување на дејствија што можат непосредно или посредно да предизвикаат нарушување на живеалиштата и екосистемите, создавање на поволни услови за заштита, зачувување и унапредување на биолошката и пределската разновидност, како и одржливо користење на природните ресурси на начин на кој не се загрозува опстанокот на живеалиштата и видовите.

OhridNews

фото. Б. Стојаноски