Општина Охрид организира јавна презентација и јавна расправа по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за ДУП за УЗ 15, УБ 15.7 (2018 – 2023)- општина Охрид.

Јавната презентација и јавната расправа ќе се одржи на 25.12.2020 година, во големата сала на Општина Охрид, со почеток во 12 часот, со задолжително носење маски и пропишана дистанца согласно протоколите за заштита од Ковид 19, информира локалната самоуправа.

Нацрт извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина ќе биде изложен во Одделението за заштита и влијание врз животната средина во Општина Охрид секој работен ден од 8 – 16 часот почнувајќи од до 05.01.2021 година, како и на веб страната на општина Охрид, www.ohrid.gov.mk.

Правните и физичките лица и јавноста можат да го достават своето мислење во врска со Извештајот до Општина Охрид во рок од 30 дена од денот на објавување на оваа информација.

Заинтересирани страни можат да дадат мислење, забелешки и предлози по Нацрт извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина на самата јавна расправа и истите можете да ги испраќате на е_маил : [email protected] , или по пошта на следната адреса Општина Охрид, ул. Димитар Влахов бр.57 Охрид, соопшти локалната самоуправа.

OhridNews