Јавната дебата се организира со цел да се даде придонес за ефективното спроведување на Законот за еднакви можности и подобрувањето на фактичката состојба во однос на креирањето на ефективни и спроведливи локални родови политики. Земајќи ја предвид фактичката состојба за постигнувањето на родовата рамноправност- исти права можности и одговорности помеѓу родовите, потребно да се воспостави заедничка соработка и активно учество на сите релевантни актери во заедницата, како на локално така и на национално ниво.
Јавната дебата е дел од активностите кои ЖГИ АНТИКО ги имплементира во рамките на својата годисна програма, поддрзана од програмата Цивица Мобилитас имплементирана од страна на Центарот за Институционален Развој – ЦИРа и финансирана од Швајцарската Агенција за Развој и Соработка (СДЦ), претставена од Швајцарската Канцеларија за Соработка во Македонија.