„Проблемите и предизвиците на урбанистичкиот план на Охрид“ е тема на јавната средба што граѓанската асоцијација МОСТ, во рамки на четвртата фаза од проектот Мобилен Парламент денеска во Охрид ја организира со пратеници од Изборната единица 5.
Решението на Урабанистичкиот план во Охрид донесе несогласувања од повеќе заинтересирани страни. Дали се’ се спроведува според планот, законски и по утврдени норми и дали борбата за локален економски развој на општините ќе ги занемари и згасне заложбите на граѓаните за планска урбанизација во интерес на граѓаните, се само дел од прашањата кои ќе бидат отворени на јавната средба.
На неа покрај пратеници од петтата изборна единица, учество ќе замат и градоначалникот на Охрид, претставници од Министерството за транспорт и врски, претставници на локалната самоуправа, претставници на НВО и граѓани.
ohridnews