Во Струга денеска ќе се одржи јавна дебата, на која учество ќе земат учениците кои ги посетуваа работилниците за надминување на конфликти на ОБСЕ, претставници на Локалата самоуправа, на надлежните образовни институции, како и професори од средношколски центри „Нико Нестор“ и „Ибрахим Темо“ од Струга.

Јабната дебата е дел проектот кој  спроведува од мај минатата година кога се случија меѓуетнички инциденти во двете средни училишта во Струга, по што беше иницирана поделба во т.н. јазични смени. Со проектот беа опфатени  270 ученици од различни етникуми.

По примерот на проектот наменет за средношколците од Струга, со поддршка на Амбасадата на Сојузната Република Германија, слични проекти се спроведуваат за учениците од Велес, Дебар и Гостивар.

Ohridnews