Републичкиот одбор за поддршка на лицата со интелектуална попеченост-„Порака“ и „Хендикеп Интернационал – Југоисточна Европа“ во соработка со Општина Охрид, ќе одржат презентација и јавна дебата по Предлог-Локалниот акционен план за унапредување на положбата на лицата со попреченост на подрачјето на општината.
Презентацијата и јавната дебата ке се одржат во големата сала на Општината во вторник, 18.мај со почеток во 12 часот.

Предлог-Акциониот план е реазултат на 6-месечната активност на работната група составена од претставници на Општината, организациите на лица со попреченост и јавни институции од областа на социјалната заштита, здравството, образованието и вработувањето, која интензивно работеше во утврдувањето на приоритетите и потребите на лицата со попреченост во општина Охрид.

Како резултат на тоа, одредени се конкретни активности кои треба да придонесат за подобрување на положбата во која живеат лицата со попреченост. Сите тие активности наведени се во Предлог-локалниот акционен план кој, по јавната дебата што има за цел да го презентира, надополни и финализира, ке биде даден на  усвојување  од страна на Советот на општината.

Покрај претставниците на организаторите, работната група и заинтересирани грагани и асоцијации, на јавната дебата се поканети да учествуваат претседателот на Советот, координатори на советнички групи и совеници.

OhridNews